Ракометарките на Куманово остварија победа против Чаир со конечни 29-24 во плеј-офот во Супер лигата.
Во првото полувреме Куманово го презеде водството, и на полувреме замина со предност од 12-9. Во второто полувреме Куманово продолжи со истото темпо како и во првото полувреме за на крај да се радува на победа против Чаир.
Најефикасна во екипата на Куманово беше Алмеида Коста Андреза со десет погодоци, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Теодора Гулицоска со осум погодоци.
(фото-ЖРК Куманово)📷