Екипата на Куманово забележа победа на гостувањето во Прилеп, кај екипата на Деспина со минимални 24-23 во Женската Супер лига.
Иако на полувреме Деспина имаше предност од 13-10, сепак во второто полувреме Куманово славеше против тимот од Прилеп.
Најефикасна во тимот на Куманово беше Сузана Зечевиќ со девет гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Ангела Камческа со седум гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷