Екипата на Куманово забележа победа на гостувањето кај екипата на Пелистер со конечни 31-29 во Женската Супер лига.
Иако составот на Пелистер имаше водство на полувреме со резултат 16-11, сепак во второто полувреме со пресврт Куманово стигна до победа.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Маријана Азеведо со десет гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Анастасија Тодоровска со 12 гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷








