Куманово со висока победа против Спартак се одјави од есенскиот дел

Екипата на Куманово забележа висока победа против Спартак со резултат 40-20 во натпревар од Женската Супер лига.

Куманово победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 21-7. Второто полувреме беше само формалност Куманово да ја завери победата против Спартак.

Најефикасна во тимот на Куманово беше Габриела Величковска со 10 гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јана Ѓошевска со 7 гола.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести