Куманово со ново засилување, го донесе Огнен Радојичиќ

Интернационалецот од Србија, Огнен Радојичиќ е повратник во редовите на суперлигашот, откако ги бранеше боите на Куманово пред две сезони.

Радојичиќ кој е роден 2000 година и е висок 198 игра на позиција лев бек и ќе биде вистинско освежување за тимот на тренерот Љубиша Димковски во продолжение од сезоната во машката ракометна Супер лига.

“Искрено не се двоумев откако повторно се јавија од МРК Куманово и без размислување се вратив во екипата каде пред две години поминав еден убав период од мојата кариера”, – изјави ракометарот на Куманово, Огнен Радојичиќ.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *