Ракометарите на Куманово забележаа победа на гостувањето во Скопје кај екипата на Македонија Ѓорче Петров со 21-29.
Куманово направи добра предност и на полувреме замина со висока разлика од 9-17. Второто полувреме беше само формалност екипата на Куманово да ја завери победата против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во составот на Македонија Ѓорче Петров беше Јаневски со четири погодоци, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Тасевски со 11 погодоци.
(фото-МРК Куманово)📷