Ракометарките на Куманово славеа победа на гостувањето во Битола кај екипата на Феникс АМС со убедливи 41-29 во натпревар од Супер лигата.
Екипата на Куманово водеше во текот на првото полувреме, и на полувреме заминаа со предност од 22-12. Во вториот дел продолжи добрата игра на Куманово, и се беше јасно кој е фаворит и кој ќе биде победник на натпреварот.
Најефикасна во екипата на Куманово беше Јована Кипријановска со 12 погодоци, додека кај екипата на Феникс АМС најефикасна беше Емилијана Ризоска со девет погодоци.
ЖРК Феникс АМС 29-41 ЖРК Куманово
(фото-ЖРК Куманово)📷