Куманово со селфи ја прослави победата против Голден Арт (ФОТО)

Екипата на Куманово го совлада тимот на Голден Арт на домашен терен со минимални 26-25 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Голден Арт во првото полувреме го презеде водството, па на пауза замина со предност од 14-12. Во второто полувреме до крај беше неизвесно, но на крај во последните секунди Куманово успеа да постигне гол за победа против Голден Арт.

Најефикасен во тимот на Куманово беше Владан Кастратовиќ со 10 погодоци, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Христијан Милошески со 9 погодоци.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести