Екипата на Куманово забележа победа на гостувањето кај екипата на Јуниор Кисела Вода со резултат 21-20 во 1. коло од плеј-аутот во Супер лигата.
Куманово на полувреме имаше предност од 11-8. Во второто полувреме екипата на Јуниор Кисела Вода успеа да се врати, но на крај Куманово ја однесе победата.
Најефикасен кај екипата на Куманово беше Владан Кастратовиќ со десет гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Стефан Крстески со четири гола.
(фото – МРК Куманово)📷