Составот на Куманово триумфираше на гостувањето во Битола, кај екипата на Пелистер со убедливи 32-19 во Женската Супер лига.
Екипата на Куманово уште на полувреме имаше високо водство од 17-9, па така во второто полувреме ја зголеми предноста, за на крај да слави убедливо против Пелистер.
Најефикасна во тимот на Куманово беше Нена Нестороска со 10 гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Моника Босилковска со 7 гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷