Куманово триумфално против Скопје

Екипата на Куманово забележа триумф против составот на Скопје со конечен резултат од 31-20 во Женската Супер лига.

Иако Куманово настапи со десет ракометарки во составот, сепак успеа да триумфира против Скопје.

Најефикасна во редовите на Куманово беше Јана Ѓошевска со осум гола, додека кај екипата на Скопје најефикасни беа Јана Петровска и Јана Равојска со по четири гола.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.