Екипата на Куманово забележа победа против екипата на Астибо со конечни 36-22 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Составот на Куманово од почетокот на натпреварот диктираше темпо врз резултатот, па на крај да го совлада Астибо.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Сара Цветановска со осум гола, додека кај Астибо најефикасни беа Марија Анчева и Елена Димова со по шест гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷