Екипата на Куманово забележа победа на домашен терен против составот на Деспина со резултат 28-17 во Женската Супер лига.
Составот на Куманово ја оправда фаворитската улога против Деспина, која ја имаше во текот на целиот натпревар.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Адела Еленин со осум гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Мери Гичева со девет гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷