Куманово триумфираше против Металург Автокоманда и се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Македонија

Екипата на Куманово забележа победа против екипата на Металург Автокоманда со минимални 21-20 и се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

Иако на полувреме Металург Автокоманда имаше предност од 11-10, сепак на крај Куманово успеа да триумфира.

Најефикасни во редовите на Куманово беа Сара Цветановска и Јана Ѓошевска со по шест гола, додека кај Металург Автокоманда најефикасна беше Теодора Гулицоска со осум гола.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.