Куманово триумфираше против Стружанка

Составот на Куманово забележа висока победа против Стружанка со конечни 32-22 во плеј-офот во Супер лигата.

Во првото полувреме Стружанка го имаше водството, и на полувреме замина со предност од 16-15. Во второто полувреме Куманово со добра одбрана и добар напад успеа да се врати и да забележи победа против Стружанка.

Најефикасна во екипата на Куманово беше Пена Граматова со осум гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Бојана Затуроска со седум гола.

(фото-ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.