Ракометарките на Куманово забележаа убедлива победа против екипата на Гевгелија со резултат 32-16 во Женската Супер лига.
Тимот на Куманово победата ја обезбеди уште на полувреме, кога имаше предност од 17-6.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Сара Цветановска со 12 погодоци, додека кај Гевгелија најефикасни беа Билјана Кадиева и Елена Димова со по пет погодоци.
(фото – ЖРК Куманово)📷