Ракометарките на Куманово забележаа висока и убедлива победа против Овче Поле Славјански Универзитет со 33-12 во Женската Супер лига.
Тимот на Куманово победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 15-6.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Сара Цветановска со десет гола, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Ангеловска со пет гола.
(фото – ЖРК Куманово)📷