Екипата на Куманово ја забележа првата победа во Супер лигата, откако на домашен терен го совлада Скопје 2020 со резултат 29-21.
На полувреме беше нерешено со 12-12. Во второто полувреме Куманово го презеде водството, па на крај да слави победа против Скопје 2020.
Најефикасен во тимот на Куманово беше Зоран Ѓурковиќ со осум гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Давор Шокоски со шест гола.
(фото – МРК Куманово)📷