Куманово ја задржа Сузана Зечевиќ во своите редови

Екипата на Куманово, која има високи амбиции за новата сезона во Женската Супер лига, го продолжи договорот со уште една ракометарка.

Станува збор за Сузана Зечевиќ, која потпиша нов договор до 2024 година. Зечевиќ настапува на позицијата лев бек и е една од најдобрите дефанзивни играчи во Супер лигата.

(фото – ЖРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.