Ракометарките на Куманово ја совладаа Деспина со убедливи 38-27 во плеј-офот во Женската Супер лига.
Куманово на овој натпревар ја оправда фаворитската улога против Деспина откако славеше убедлива победа.
Најефикасна во екипата на Куманово беше Тамара Ивановска со шест гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Ангела Камческа со девет гола.
(фото-ЖРК Куманово)📷