Традиционалниот ракометен турнир за младинци во организација на Куманово по повод националниот празник 11-ти Октомври и оваа година ќе се одржи.
Освен домаќинот и младинците на Куманово во спортската сала на средното економско училиште во Куманово ќе настапат и ракометните тимови на Врање, Бутел Скопје и Тиквеш.
Натпреварите и турнирот ќе започнат во 10 часот. Во првото полуфинале играат Куманово и Тиквеш, додека во второто полуфинале играат Бутел Скопје со Врање.
(фото – МРК Куманово)📷