Екипата на Младост Богданци, која има високи амбиции за следната сезона во Првата лига се засили со нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Лазар Адамовиќ, кој настапува на позицијата десен бек и ќе биде големо засилување за Младост Богданци.
Ракометарот Лазар Адамовиќ доаѓа од редовите на Радовиш, а играше и за екипите на Охрид и Вардар Неготино.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷