Екипата на Аеродром, која и во новата сезона ќе игра во Првата лига ќе има зголемени амбиции, а и нова управа.
Досегашниот претседател на Аеродром, Дарко Петровски се повлекува од клубот, а на негово место ќе биде Лазо Мајнов.
“Почитувани, по точно 25 години на чело на РК Аеродром, досегашниот претседател Дарко Петровски се повлекува од оваа улога, а на негово место клубот го презема Лазе Мајнов. Во текот на овие години од школата на РК Аеродром произлегоа многу идни ракометари и репрезентативци, а очекуваме целта и во иднина да биде фокусот на македонските млади играчи, како единствен клуб на територијата на општина Аеродром”, – стои во соопштението на Рк Аеродром.

(фото – Рк Аеродром)📷