Ласко Андоновски: Да одиграме уште еден перфектен меч против Тиквеш и да се радуваме на победа

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска го играат можеби и најважниот дуел оваа натпреварувачка сезона, на гостински терен против екипата на Тиквеш (18 часот, сала „Јасмин“ во Кавадарци).

Станува збор за дуел со директниот ривал во трката за шестото место кое води во плејофот, првиот меч со Тиквеш на домашен терен заврши без победник, а влогот вечерва ќе биде огромен бидејќи поразениот сериозно ќе си ги намали шансите за влез во ТОП 6.

„Свесни сме за грешките што ги направивме против Прилеп, меч на кој загубивме значаен бод во трката за шестото место. Лекцијата е научена, знаеме што треба да се направи – 60 минути максимална фокусираност и во нападот и во одбраната, тоа е единствениот начин на кој можеме да дојдеме до позитивен резултат во Кавадарци. Знаеме дека за ривал имаме квалитетна екипа, но против Бутел веќе докажавме дека кога играме како што знаеме, можеме да победуваме екипи од овој калибар. Затоа, наша желба е да одиграме уште еден перфектен меч и на крајот да се радуваме на триумф“, – изјави капитенот Ласко Андоновски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *