Екипата на ЦСМ Букурешт од Романија се засили со репрезентативката на Франција, Лаура Флипес.
Лаура Флипес со екипата на ЦСМ Букурешт потпиша договор на две години. Таа претходно настапуваше во дресот на Париз од 2020 година, а настапува и за репрезентацијата на Франција.
“Исклучително сум среќна што ќе се приклучам на тимот на ЦСМ Букурешт во следните две сезони. Имам некои спомени од играњето против нив и едвај чекам да играм со нив сега. Тоа ќе биде и моето прво искуство надвор од Франција, и едвај чекам да го откријам Букурешт. Сакам да освојам се, мислам дека тимот е амбициозен и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги постигне сите свои цели. Едно е сигурно, ќе дадам се на теренот“, – изјави Лаура Флипес.
(фото – ЖРК ЦСМ Букурешт)📷