Левче Китевски повеќе не е дирекотр на репрезентациите на Македонија

Ракометната федерација на Македонија објави дека спогодбено е прекината соработката со директорот сите национални селекции на Македонија, Левче Китевски.

“Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот Директор на машки и женски репрезентации г-дин Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката. Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година”. Со почит, Ракометна Федерација на Македонија.

(фото-Фејсбук/Левче Китевски)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.