Леона Миленкоска веќе трета година е дел од сениорскиот тим на Вардар. Се работи за младинска репрезентативка на Македонија и играч на сениорската екипа на Вардар. Има настап зад себе и на кадетското Европско Првенство во Црна Гора мината година и на младинското Светско првенство кое годинава се играше во Скопје.
Минатата сезона, успеа со кадетките и младинките да стане шампион на Македонија и да заврши како најдобар стрелец во кадетската екипа на Вардар. Со првиот тим се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, каде во полуфиналниот натпревар против екипата на Чаир, беше еден од најдобрите стрелци во својот тим.
“Како млад спортист постојано се трудам да напредувам и да се надминувам. Имам амбиции на клупско ниво еден ден да играм во Лигата на Шампионите и да бидам дел од сениорската репрезентација на Македонија. Со напорна работа и поддршка од тимот со кој настапувам верувам дека ќе успеам”, – изјави ракометарката на Вардар, Леона Миленкоска.
(фото – ЖРК Вардар)📷