Македонската ракометарка Леонида Гичевска во продолжението од сезоната ќе има нов клуб во својата кариера.
Таа потпиша за Безансон од Франција. Гичевска со францускиот тим потпиша договор до крајот на сезоната.
„Навистина сум среќна што пристигнав во Безансон. Тоа е клуб со долга и убава историја. Мислам дека Безансон е клуб со големи цели. Клубот постојано игра добро во Бутагаз лига и Европската лига на ЕХФ. Од моја страна, големо задоволство е да играм за Безансон и да му помогнам на тимот најдобро што можам и да победувам на натпревари. Едвај чекам да ја започнам авантурата со Безансон”, – изјави Леонида Гичевска.
(фото – ЖРК Безансон)📷