Македонските репрезентативки Леонида Гичевска и Сања Дабевска беа претставени во хрватскиот тим Локомотива Загреб.
Гичевска во Локомотива пристигна од екипата на Ле Самбр Авенуа, а има настапувано и за Ле Пузен, Вардар, Металург и Куманово.
Дабевска во Локомотива пристигна од екипата на Дева, а има настапувано и за Гостивар, Металург, Пелистер, Куманово и Дунајварош.
(фото – ЖРК Локомотива Загреб)📷