Македонската репрезентативка Леонида Гичевска од следната сезона ќе има нов клуб, откако таа потпиша за романскиот тим Дунареа Браила.
Леонида Гичевска која има 23 години во романскиот тим Дунареа Браила доаѓа од францускиот тим Самбре Авенуа. Претходно Гичевска настапуваше и за Вардар, Металург и Куманово.
„Многу сум среќна и возбудена што играм за еден од најдобрите романски и европски клуб, Дунареа Браила. Персоналот и претседателот одлично работат и градат силен тим за претстојната сезона. Се надевам дека заедно ќе освоиме многу европски и романски трофеи. Едвај чекам да играм за Дунареа Браила“, – изјави Леонида по потпишувањето на договорот.

(фото – ЖРК Дунареа Браила)📷