Македонската ракометарка и репрезентативка Леонида Гичевска, во новата сезона ќе има нов предизвик во својата кариера.
Гичевска потпиша договор со екипата на Стинта Букурешт од Романија. Таа има настапувано за екипите на Вардар Јуниор, Вардар, Металург, Локомотива Загреб и Куманово.

(фото – ЖРК Стинта Букурешт)📷