Леонид Лозановски потпиша четиригодишен договор со Еурофарм Пелистер 2

Најталентираните млади ракометари на Еурофарм Пелистер, кои беа дел од јуниорската екипа која сезоната ја заврши како четвртопласирана во Европа добиваат професионални договори со клубот.

По Стефан Лазаревски и Андреј Дамчевски на долга верност со матичниот клуб се обврза и Леонид Лозановски. Левото крило во следните четири години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2.

Лозановски беше дел од шампионската генерација во кадетска и вицешампионската во младински конкуренција, како и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите за млади категории. 

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *