Екипата на Чаир почна да го крои составот за наредната сезона, каде тимот ќе игра во Европа.
Чаир го продолжи договорот со капитенот Леонора Рахмани, која останува и следната сезона во клубот.
„Задоволна сум од продолжувањето на соработката. Јас сум членка на Чаир уште од формирањето на клубот и не гледам причина зошто би ја променила средината. Чаир има високи амбиции секоја сезона, и сигурна сум дека можам многу да напредувам во кариерата овде”, – изјави Леонора Рахмани.
(фото – ЖРК Чаир)📷