Лесен триумф за Еурофарм Пелистер против Вардар Неготино

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа лесна победа против составот на Вардар Неготино со резултат 38-14.

Победата на Еурофарм Пелистер беше обезбедена уште во првото полувреме, кога на пауза имаше високи 18-7.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Петар Атанасијевиќ со 14 погодоци, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Лазар Адамовиќ со 5 погодоци.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.