Лесен триумф за Работнички против Шампион

Ракометарите на Работнички забележаа лесна и убедлива победа против екипата на Шампион со конечни 35-22.

Работнички имаше контрола на резултатот, па на полувреме замина со предност од 19-12. Во вториот дел од натпреварот Работнички ја оправда фаворитската улога, и успеа да слави против Шампион.

Најефикасен во екипата на Работнички беше Ѓорѓи Дука со осум погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Бобан Дебрешлиоски со шест погодоци.

Рк Шампион 22-35 Рк Работнички

(фото-Рк Работнички)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести