Лесен триумф за Тинекс Пролет против Струга

Ракометарите на Тинекс Пролет остварија лесна победа против екипата на Струга на домашен терен со конечни 35-30 во плеј-аутот во Супер лигата.

Во првото полувреме Пролет добро го започна натпреварот и на полувреме имаше предност од 18-15. Во вториот дел продолжи добрата игра на Тинекс Пролет за на крај да забележи лесна победа против Струга.

Најефикасен кај екипата на Тинекс Пролет беше Дејан Пецаковски со осум погодоци, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ исто така со осум погодоци.

(фото-Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести