Екипата на Металург се пласира во осминафиналето во Купот на Македонија, откако на домашен терен во Автокоманда ја совлада екипата на Јехона од Гостивар со резултат 44-22.
Составот на Металург доминираше во текот на целиот натпревар и очекувано триумфираше против екипата на Јехона. На овој натпревар тренерот Иван Марковски им даде шанса на помладите да ја искористат својата минутажа и да издвојуваат победа и се пласираат во осминафиналето во Купот на Македонија.
Најефикасен во екипата на Металург беше Александар Петковски кој постигна 11 погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Адис Салиу со шест погодоци.
Рк Металург 44-22 Рк Јехона
(фото-Рк Металург)