Ракометарите на Металург остварија лесна и убедлива победа против екипата на Скопје 2020 во Суперлигата, со конечни 33-24.
Металург добро го почна натпреварот и на полувремето имаше водство од 17-9. Во второто полувреме Металург продолжи да го полни голот на Скопје и да триумфира, а Скопје немаше сили за да возврати и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасен во составот на Металург беше Халил Озтурк со седум погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Бојан Чакалиќ со пет погодоци.
Рк Металург 33-24 Рк Скопје 2020
(фото-Рк Металург)📷