Рк Еурофарм Пелистер

Лесна и убедлива победа на Еурофарм Пелистер против Тинекс Пролет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија лесна и убедлива победа против екипата на Тинекс Пролет во 10. коло од Суперлигата со резултат 38-22.

Еурофарм Пелистер на почетокот на првиот дел поведе со седум гола разлика, за на полувреме замине со 21-7. Второто полувреме беше формалност за битолската екипата да го реши натпреварот и издвојува нова победа и нови три бода во Суперлигата.

Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со шест погодоци, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Доне Мајнов исто така со шест погодоци

Рк Еурофарм Пелистер 38-22 Рк Тинекс Пролет

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести