Ракометарите на Голден Арт триумфираа на домашен терен против ракометарите на Партизан Гевгелија во Купот, со конечни 41-19.
Тренерот Никола Матлиески на овој натпревар им даде шанса на тие што имаат помала минутажа. Екипата на Партизан Гевгелија немаше одговор за да возврати и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасен во составот на Голден Арт Есад Дрпљанин со десет погодоци, кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Тодор Узунчев со седум погодоци.
Рк Голден Арт 41-19 Рк Партизан Гевгелија


(фото-Рк Голден Арт)