Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа на гости кај екипата на Кузман Вардар Илинден со 28-35 во плеј-аутот.
Гостите од Свети Николе имаа водство на полувремето од 14-18. Во второто полувреме Овче Поле Славјански Универзитет ја завери победата против Кузман Вардар Илинден.
Најдобар стрелец кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет беше Диана Димова со десет погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар Илинден најдобар стрелец беше Нина Милевска со девет погодоци.
(фото-ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷