Ракометарките на Пелистер триумфираа на гостувањето во Скопје кај екипата на Кузман Вардар со убедливи 18-31.
Пелистер на полувремето обезбеди висока предност од 6-15. Вториот дел од натпреварот беше само формалност екипата на Пелистер да ја завери победата.
Најефикасна во екипата на Пелистер беше Марија Јанкуловска со осум погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Анастасија Ѓорѓиева со осум погодоци.
ЖРК Кузман Вардар 18-31 ЖРК Пелистер
(фото-ЖРК Пелистер)📷