Лесна победа за Тинекс Пролет против Радовиш

Екипата на Тинекс Пролет триумфираше против Радовиш со 32-22 во првото коло од плеј-аутот во Супер лигата.

Тимот на Тинекс Пролет од почетокот на натпреварот го презеде водството и тоа водство го сочува до крајот на натпреварот.

Најефикасен во екипата на Тинекс Пролет беше Дејан Пецаковски со седум погодоци, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Кристијан Ристов со пет погодоци.

(фото-Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести