Екипата на Феникс АМС забележа лесна победа против екипата на Кузман Вардар со убедливи 33-18 во плеј-аутот во Супер лигата.
Во првото полувреме Феникс АМС го презеде водството, и на полувреме замина со предност од 14-9. Во второро полувреме Феникс АМС продолжи да ја зголемува разликата, и да забележи лесна и убедлива победа против Кузман Вардар.
Најефикасна во составот на Феникс АМС беше Ана Марија Талева со 11 погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Анастасија Ѓорѓиева со осум гола.
(фото-ЖРК Феникс АМС)📷