Лесна победа за Јуниор Кисела Вода против Работнички

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода забележаа лесна победа против екипата на Работнички со конечни 27-35 во плеј-офот во Првата лига.

Јуниор Кисела Вода добро го започна натпреварот и на полувреме имаше предност од 11-19. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Јуниор Кисела Вода за на крај да оствари лесна победа против Работнички.

Најефикасен во екипата на Јуниор Кисела Вода беше Игор Илиевски со девет погодоци, додека кај екипата на Работнички најефикасен беше Ѓорѓи Дука со шест погодоци.

(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести