Екипата на Младост 1977 Богданци забележа лесна победа против екипата на Шампион со конечни 32-25 во последното коло од Првата лига.
Младост од почетокот на првото полувреме го презеде водството, и на пауза имаше предност од 18-10. Во вториот дел гостите од Богданци ја заверија победата против Шампион.
Најефикасен кај екипата на Младост 1977 Богданци беше Саша Михајловиќ со осум погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Христијан Сибиновски со девет погодоци.
(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷