Лесни бодови за Јуниор Кисела Вода на гостувањето во Струмица

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода продолжуваат со победите во Првата лига, откако на гостувањето во Струмица ја совладаа екипата на Астраион со високи 16-24.

Јуниор Кисела Вода од почетокот на првото полувреме направи добра предност и таа предност ја сочува до крај на натпреварот. Астраион се обидуваше да се врати но не успеваше и мораше да се задоволи со пораз.

Најефикасен во екипата на Јуниор Кисела Вода беше Филип Димевски со седум погодоци, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Иванче Ончев исто така со седум погодоци.

(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести