Екипата на Нант славеше победа на домашен терен против екипата на Фуксе Берлин со минимални 25-24 во првиот осминафинален натпревар. Нашиот Кире Лазаров на овој натпревар имаше еден погодок.
Горење Велење направи сензација откако на домашен терен ја совлада екипата на Ним со 29-22 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Европа. Најефикасен кај Горење беше Домен Тајник со шест гола, додека кај екипата на Ним најефикасен беше Мохамед Санад со девет гола.
Лига на Европа (мажи) осминафинале резултати:
Горење Велење 29-22 Ним
Кадетен Шафхаузен 32-26 Савехоф
Лемго 28-31 Висла Плоцк
Нексе 29-26 Еурофарм Пелистер
Бидасоа Ирун 28-30 ГОГ Гудме
Нант 25-24 Фуксе Берлин
Спортинг Лисабон 29-29 Магдебург
Тулуз 38-34 Бенфика
(фото-ЕХФ)📷