Екипите на Ѓер, Вајперс Кристијансанд, Есбјерг и Мец обезбедија место на Ф4 во женската Лига на шампиони.
Есбјерг на вториот натпревар против ЦСМ Букурешт одигра нерешено со 27-27 и обезбеди место на Ф4 турнирот, откако во првиот натпревар славеше минимално со 26-25.
Лига на шампиони (жени) четвртфинале, резултати:
Есбјерг 27-27 ЦСМ Букурешт
Ѓер 35-23 Брест Бретањ
Вајперс Кристијансанд 33-24 Крим Меркатор
Ростов Дон 0-10 Мец службена
(фото-ЕХФ)📷