Тимот на Алборг го совлада Целје со резултат 36-32 во првото коло од Лигата на шампионите. Најефикасен кај Алборг беше Микел Хансен со десет погодоци, додека кај Целје најефикасен беше Алекса Влах со осум гола.
Веспрем беше подобар на домашен терен против тимот на ПСЖ со 36-33. Најдобар стрелец во екипата на Веспрем беше Лауге со 11 гола, додека кај ПСЖ најдобар стрелец беше Кристопанс со седум гола.
На останатите натпревари, Магдебург триумфираше против Динамо Букурешт со резултат 30-28. Екипата на Висла Плоцк забележа победа против Порто со 27-23.
(фото-ЕХФ)📷